Балканленд

Гоца Тржан: Јас не сум добра пејачка, најдобра е Ивана “Негатив”

Гоца Тржан отворено разговараше за тоа како сака на Лена нејзината ќерка да и роди брат или сестра, но ако не се случи тоа во наредните четири години таа ќе посвои дете. Гоца Тржан во емисијата “Добро вечер, Србијo” кај нејзината пријателка Јелена Бачиќ Алимпиќ, отворено разговараше за својата кариера, ќерката Лена, но и за разводот кој и бил најтешкото нешто кое и се случило во животот. Тржан раскажа колку и значи пријателството со Ивана од групата “Негатив” со која беа дел од групата “Тап 011”.

“Ивана дефинитивно е најдобар вокал во Србија. Јас не сум толку добра колку што е таа, но јас сум одличен интерпретатор. Јас не се обраќам на многу луѓе, само на оние кои ме разбираат”, изјавила Тржан. “Сакам на Лена да и родам сестра или брат, но ако тоа не се случи во следниве четири години ќе посвојам дете. Ако треба да се омажам, ќе го направам тоа, без проблем. Сакам Лена да има брат или сестра, да има однос како што имам јас со мојот брат, со кој сум многу блиска, многу го сакам и сакам и таа да го има тоа”, додала таа.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: