Фолк пејачката Татјана Лазаревска подолг период егзистира на домашната фолк естрада, сите ја препознаваат по нејзиниот хит “Аце, Аце”. Со кратка црна коса ја започна кариерата, па се офарба руса за да сега како поклон на нејзинот сопруг за десетгодишнината од нивниот брак со Новица Василевски ја промени фризурата и бојата, но и тој ја изненадил нејзе.
“Ова беше еден гест во знакот на десетгодишнината од нашиот брак, кој што ни помина сега на трети мај. Значи поминаа цели десет години преубави, поминати во заеднички живот со Новица и промената беше во знак на ова, но Новица повеќе ме изненади”, изјави Татјана за “24 Ексклузив”.
“И мене ми се допаѓа кратката фризура на Татјана мислам дека карактерот и доаѓа до израз и бојата и е супер. Имав и јас едно изненадување за Татјана. Цело време додека сме во брак ме тера да ги избричам брковите и еден ден се решив да ги избричам пред да одиме на вториот меден месец. Татјана беше шокирана не можеше да поверува. Ова го направив сега и можда за десет години, а може ни тогаш” се надоврза Новица.
Покрај промените во изгледот Татјана го промовираше и новото видео сработено за песната “Луда журка” во режија на Дарио Јанковиќ. Интересно е тоа што текстот за оваа песна е на Татјана и Новица.
“Почувствувавме дека може да направиме, се погледнавме и ја запрашав: Татјана на што те асоцира ова? На луда журка и од насловот тргна цела приказна, ја започнавме и ја направивме за 45 минути”, изјави Новица на што Татјана се надоврза “Ова не е уметнички текст, но се залепи со музиката, одлично поминува кај публиката што е најважно”.
На прашањето дали нешто се променило во оваа измината деценија Татјана на нејзина пријателка и признала дека во однос на љубовта ништо не се променило, во однос на интензитетот на љубовта и дека и е исто како пред десет години. Реткост барем на нашата естрада да опстане брак, ние од Музика24 им посакуваме овие чувства кои ги имаат да им потраат и во скоро време трето дете.
Подготви: Редакција Музика24
