Балканленд

Гога Секулиќ открива: За прв пат во мојот живот останав без пари

Пејачката Гога Секулиќ која ја знаеме (освен по силиконските гради) најчесто и по оној проблематичниот, но слушаниот (еротски) музички хит “Кај тебе останаа моите гаќички“ кој и донесе огромни пари, сега таа како и многу нејзини колеги поради пандемијата се најде во многу лоша финансиска состојба. Нема настапи и не знае што да прави сама со себе?

“Најдобро е додека не почнеме да работиме да не плаќаме струја, вода, парно греење или телефони, па кога ќе почнеме со работа тогаш треба да продолжиме да си плаќаме. Немам пари и немам од што да плаќам. Нека ми ја исклучат струјата ако мислат дека треба сите да испоумреме и пред да нè фати короната. Ова е првпат во мојот живот да останам без пари. Добив помош од државата за три месеци. Но, луѓе, што се 90.000 (српски) динари?! Јас тие пари во оние нормални времиња ги заработував за само неколку часа пеење”, вели изнервираната Гога.

Можеби ќе ве интересира: