Ако досега “Фрајле” беа единствениот женски состав во регионот, од пред некое време девојките имаат конкуренција, и тоа машка. Станува збор за сплитскиот состав “Камби”, кој постои околу една година и веќе во неколку наврати момците докажаа дека имаат сериозни музички планови. Последниот во низата проекти им е темата со наслов „Заљубљен“ со која настапија на хрватската “Дора” и го имаа едниот од највпечатливите настапи.
„Заљубљен“ е вистинска бомба од песна! Тоа е, веројатно, најдоброто нешто кое сме го добиле во рацете. Станува збор за љубовна тема и не е балада, туку е исклучително енергична. Песната е со потписот на Макица (Марија Мирковиќ од “Фрајле”) и голема благодарност што ни овозможи да ја отпееме“, велат момците од овој состав, односно Сандро, Јошко, Јуре и Лука како водечки вокали, кои веќе снимија и мошне интересно видео.
Во темата момците и Марија ја опеваат префинетоста која секоја жена ја носи во себе, па не ни зачудува што стихот „… и мила и самовила…“ веќе го најде патот до срцата на бројните слушателки на овој сплитиски вокален состав, кој е пријатен и за гледање и за слушање.
Статичар, кинезиолог, солист во ХНК и техничар лаборант во Институтот за океанографија и рибарство се навидум четворица „обични типови“ кои ги спојува љубовта кон музиката и повеќегласното пеење. За себе велат дека се непоправливи романтичари, а публиката – дека се неверојатен спој и вистинско освежување во светот на клапите во кој дојде до тоа да е навистина невозможно да се разликуваат една од друга затоа што сите имаа сличен репертоар и начин на изведување на концертите. За визуелниот имиџ и не треба да се зборува.
“Камби” постои една година, и можеби заради пандемијата овие момци зад себе немаат многу настапи, но затоа веќе имаат низа соработки со познати хрватски имиња како Гулијано, Нено Белан, Роко Блажевиќ…
