Балканленд

Гранд продукција помага на загрозените од поплавите

Од час во час се повеќе расте бројот на жртви во Србија и Босна поради големиот број на поплави кој нажалост одзеде и неколку животи. Во самата акција голем број од српската естрада се заложија да помогнат колку можат да им обезбедат неопходни работи како што се храна и облека со што би се спасило голем број на народ. Меѓу нив е и познатата продукција “Гранд”, која како акција преку смс пораки финансиски ќе им помогнат на најкритичните подрачја во Србија, а и ќе одвојат и околу 10.000 илјади евра за помош на настраданите.

“Жално е да се гледаат тие што страдаат во поплавите, но јас како родител и од целата продукција ќе завземеме став да помогнеме, бидејќи тоа се наши деца, наш народ и штета е само да се гледа од страна”, изјави Лепа Брена.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: