Македонскиот поп пејач познат од познатите популарни музички емиси како “Идол”, “Мојата ѕвезда” и “Сите наши песни” кое се емитуваше на Македонската радио телевизија, а заврши како второ пласиран, за нашиот музички портал ексклузивно ни потврди информација дека подготвува песна каде се јавува целосно како автор со текст, музика и аранжман. Јавноста добро го познава по феноменалниот вокал кој не се заборава, па така својата кариера која е за секоја пофалба ќе ја овековечи и со прв сингл.
“Не сакав да биде се помпезно во однос на мојата нова песна и кариерата, јас сум личност кој сака се да оди полека, но сигурно знам дека е тешко да се успее како изведувач, сепак успехот си доага сам по себе, а публиката знае да го препознае квалитетот”, изјави Ален Хасановиќ.
Подготви: Редакција Музика24
