Балканленд

Хејтерите распалија по српската евровизиска песна: „Бизарна и евтина бугарска продукција“

Девојките од групата „Хурикејн“ објавија дел од спотот за песната „Loco loco“ со која ќе ја претставуваат Србија на „Евровизија 2021“, а тоа веднаш предизвика негативни коментари. И не поради песната, туку поради тизерот чиј автор е Дејан Милиќевиќ.

На некои корисници на Твитер им се потребни 10 секунди за да проценат дали спотот ќе биде добар или не, а повеќето од коментарите се негативни.

„Тизерот за новиот спот на „ураганки“ изгледа евтино. Бугарска продукција т.е Дејан Милиќевиќ 100%. Слабо ја препознавам музиката, но го препознавам стилот на Дејан Милиќевиќ. Секогаш има некоја доза на футуризам мешана со невкус“, се само некои од негативните коментари.

Тизерот може да го погледнете со кликнување на следниот линк: Hurricane tizer.

Можеби ќе ве интересира: