Музика на кирилица

Јоце Панов со нова професија, се вработил како професор по музика

Кризата на естрадата по сè изгледа се продлабочува со коронавирусот, па многумина од пејачите не можејќи да издржат некој да им дава пари, дали државата или роднините од странство, да ги финансира, побараа друга работа.

Еден од нив е и популарниот поп пејач Јоце Панов, кој во оние среќни времиња имаше и по три, четири вечерни свирки. Сега се тоа само убави спомени. Меѓутоа не е очаен, напротив, среќен е што се вработил и што ќе зема редовна месечна пристојна плата.

“Да, се вработив како професор по музика во едно средно скопско училиште (познато на Редакцијата). Не се седи дома брат, без работа. Особено што имам мало дете. Не знаеш што да правиш со себе и со слободното време”, вели Јоце за весникот Вечер/vecer.press.

“Не дека немам пари, успеав да заштедам, но тоа не е тоа, сакам да заработувам свои пари, не да чекам од некој друг да ми ги дава”додава тој.

Тој меѓудругото вели дека живее во надеж дека набргу сите ние пејачи и музичари ќе се вратат на македонската музичка сцена и на публиката за која со сигурност се знае дека бескрајно ги очекува семејните прослави и забави. Инаку, Панов неодамна сними нов интересен видео спот за песната “Мојот град“. Оваа песна има и српска верзија за тамошниот пазар, а во спотот во главната улога се појавува атрактивната водителка Ирена Спировска.

Извор: vecer.press

Можеби ќе ве интересира: