Хрватската радио телевизија поради финансиска криза и пред се поради лошите пласмани во изминатите години, следната година нема да ја видиме со свој претставник на евровизиската сцена во Данска. Тие како единствен организатор на натпреварот за избор на претставник на евровизиската музичка манифестација, објавија соопштение во кое се вели:
“Како јавен сервис Хрватската Радио и Телевизија води сметка парите да се трошат што порационално и поефикасно. Хрватската Радио и Телевизија ја има во предвид тешката економска ситуација и води сметка за критиките од јавноста за финансиската оправданост на настапите”, пишува во соопштението.
Во нивното соопштение уште се вели и дека иако одлуката ќе наиде на несогласување и неодобрување од страна на дел од публиката, телевизијата цврсто е решена да направи пауза поради досегашните слаби пласмани на нивните досегашни евровизиски претставници. Тие дури напоменуваат дека слични одлуки имаат донесено повеќе европски земји кои поради рецесијата и други причини ја имаат донесено истата одлука.
Подготви: Марија Поповска
