Балканленд

Поради исцрпеност Цеца се наоѓа во болница

Српските медиуми пренесуваат дека познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражњатовиќ вчера поради омалаксаност и слабост била примена во болница. Не, не се работи за исцрпеност од настап или пак концерт, се претпоставува дека поради возбуда или пак други причини веќе два дена на пејачката и било лошо и не се чувствувала добро, по што морала да побара брза помош.

Инаку Ражњатовиќ требаше заедно со нејзиниот зет Предраг Оцокољиќ, со кој што заедно се обвинети за напад на Александар Оларевиќ, да се појават во Првиот основен суд во Белград.

Подготви: Александра Блажевска

Можеби ќе ве интересира: