По Македонската радио телевизија која што ја повлече песната “Империја” и веќе утре ќе ни ја соопшти новата евровизиска песна, истото го сторија и нашите соседи. И националната БТВ во Бугарија се предомисли и ја смени песната за Евровизија. Претставниците Елица Тодорова и Стојан Јанкулов, наместо “Кисмет” во Малме ќе настапат со песната “Само шампиони”.
Подготви: Дениза Илиевска
