Низ музичката сцена во САД почнаа гласини дека контроверзната дива Лејди Гага одлучила ова лето да стапне на лудиот камен. Нејзинината пријателка Ди Џеј Старлајт тврди дека нештата меѓу Гага и нејзиното момче Тејлор Кини се многу сериозни и оти сакаат врската да ја кренат на ново ниво.
“Таа ми рече дека тој е оној вистинскиот и штом ќе ги видите заедно знаете дека тоа е вистина. Создадени се еден за друг. Мислам дека не е тајна тоа што одлучиле да се венчаат. Свадбата би требало да биде ова лето, кога Гага ќе ги заврши концертните и студиските активности”, вели нејзината пријателка и додаде дека Гага минува многу време во Чикаго бидејќи му е потребна на Тејлор.
Двојката е заедно од септември 2011-та година. Се запознаа на снимањето на спотот за песната “You and I”. Во моментов живеат во Чикаго, каде Гага се опоравува од операцијата на колкот, а Тејлор снима нова ТВ серија. Поради повредата на колкот Гага мораше да ги откаже сите концерти во рамки на турнејата “Born This Way”.
Подготви: Редакција Музика24
