Познатата хрватска пејачка Јелена Розга го промовираше својот нов спот за песната “Укус ментола”, кој истиот за неполни 24 часа на музичкиот интернет канал You Tube има околу 164 илјади прегледи. Интересен спот, задовливо, предизвикувачко и провокативно е појавувањето на Розга во спотот кој уште одсега вели дека песната е предодредена да биде хит.
“Конечно видеото е завршено и многу сум возбудена што денес мојата нова песна и спот ќе доживеат премиера. Нетрпеливо чекам заедно со мојата публика и се надевам дека сите ќе ја сакаат “Укус ментола” како што јас веќе ја обожувам”, изјави пред самата промоција хрватската пејачка.
Подготви: Елена Ивановска
