Во прв ред

Даниел Кајмаковски на турнеја низ САД и Канада

На 23-ти март со финалето на “X Factor Adria”, завршува и големиот музички серијал кој што речиси сите навикнавме да го гледаме на тв и да навиваме за некој од натпреварувачите. Но, што по завршувањето на шоуто? Дел од сега веќе финалистите, ќе имаа можност и прилика да го претстават својот квалитет и дарба и надвор од своите граници. Познатиот српски музичар, а потоа и член во жирито, а истовремено и ментор во истото, Зоран Кики Лесендриќ одлучил на својата веќе закажана турнеја низ САД и Канада, да го придружуваат според него најдобрите финалисти, односно тие што го заслужуваат тоа.

Па така, тој на својата голема турнеја со себе ги води нашиот македонски претставник Даниел Кајмаковски, момчето од Босна Маид Хечимовиќ и Александра Брковиќ. Српските медии пишуваат дека диjаспората следејќи го регионалното “X Factor” шоу, најголема заинтересираност пројавила за овие тројца натпреварувачи. И покрај тоа што шоуто сеуште не е завршено, има преголем интерес за сите нив.

“Кога Кики доби понуда за турнеја во Канада и САД со групата “Пилоти”, организаторот му предложил како гости да ги доведе и учесниците на “X Factor Adria”. Со оглед на тоа што Лесендриќ е еден од менторите во шоуто тој е упатен во музичкиот репертоар на учесниците и со задоволство го прифатил предлогот на организаторот”, изјави засега анонимен извор за српските медиуми.

А Лесендриќ за сево ова вели:

“Точно е дека на турнејата ги водам и Александра, Даниел и Маид. Сите тројца се автентични имаат комплетно различен репертоар, а воедно се одлични вокали. Кога станува збор за млади пејачи, секогаш сум тука да им помогнам во почетокот на кариерата”, изјавил тој во врска со најавеното гостување на финалистите.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: