Балканленд

Интересно: Жељко Јоксимовиќ го снимил породувањето на Јована

Познатиот српски поп пејач Жељко Јоксимовиќ за време на гостувањето на една емисија раскажал дека го снимил породувањето на неговата сопруга Јована и дека моментот кога прв пат го видел синот бил неопислив.

“Прво долго размислував дали тоа да го направам. Кога слушнав дека таа се смее и дека таа може тоа да го направи, си реков себеси: “Влегувам таму, па макар и да паднам!”, раскажува Жељко за српските медиуми.

“Се облеков, ставив маска, влегувам во салата и им понудив помош на присутните. “Луѓе, ако ви треба каква била помош, јас сум тука”, а докторот ми врати: “Ако паѓаш, само на другата страна, овде се инструментите”. По три минути викнаа: “Снимај!”. Ја зедов камерата, и нозете ми се скаменија. Јована беше прекрасна, цело време размислуваше како јас ќе го поднесам породувањето. Моментот кога го здогледав Коста беше прекрасен”, додал познатиот поп пејач.

Подготви: Елена Ивановска

Можеби ќе ве интересира: