Балканленд

“Јун фест” во ритам на песните на Жељко Јоксимовиќ (Фото)

Во ритам на одбраните песни од Жељко Јоксимовиќ, пред неколку дена во преполното белградско Ушче, беше отворен долго најавениот фестивал на добрата забава “Јун фест”. Јоксимовиќ одржа спектакуларен концерт пред околу 20.000 присутни, помеѓу кои уште од почетокот на неговиот концерт владееше одлична адмосфера и расположение. Бројната расположена публика пред главната бина на “Јун фест”, уште од самиот почеток па до крајот на двочасовниот концерт ги пееше најголемите хитови кои Јоксимовиќ ги испеа на сцената. Тој концертот го започна со песната “Либеро”, а потоа се надоврзуваа хитовите “Супермен”, “Љубави”, “Жена за сва времена”, а нешто подоцна во текот на концертот “Није љубав ствар”, за на крајот на концерот да ја отпее “Лане моје”.

“Неверојатна енергија на Ушче вечерва”, рече Јоксимовиќ по концертот и додаде: “И благодарам на публиката, беше задоволство вечерва да се настапи на “Јун фест”.

Jun Fest_2Како што велат организаторите на овој летен фестивал, приходот од влезниците од првата вечер ќе биде наменет за хуманитарни цели, односно, за помош на настраданите од поплавите во Србија. После седум години откако помина неговиот голем концерт во Белград, неговите фанови навистина одлично го поздравија како него, така и неговиот бенд.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: