За прв пат штипјани ќе имаат можност да ги слушаат во живо финалистите од најгледаното шоу на балканот “X Factor”, а притоа да уживаат покрај вода и во амбиент на граскиот базен кој оваа година е во ново поинакво руво. Нормално, ѕвезди на вечерта се миленикот на женската популација Маид Хечимовиќ заедно со најпопуларниот доктор Урош Туркулов. Финалистите на “X Factor” ќе бидат придружувани и од најдобриот штипски бенд “No End”.
Организаторите ветуваат концерт за паметење сличен на оној кој се одржа пред неполн месец во спортската центар “Jackson”, кога тогаш настапуваа незаменливите “Амадеус Бенд”. Вратите за овој голем летен настан се отвораат во 21 часот, а цената на влезниците чини само 150 денари. Тие велат дека освен најавените Маид, Урош и “No End”, пристутните ќе бидат изненадени и со специјални гости на вечерта кои не сакаат да ги откријат. Ова е дефинитивно настан кој не смеете да го пропуштите на самиот официјален старт на летото 2014.
Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е еден од медиумските покровители на овој голем летен настан, а со самото тоа сите информации со истиот ќе можете ексклузивно да ги прочитете токму тука, кај нас.
Подготви: Магдалена Атанасовска
