Од вечерва до 3-ти октомври ќе се одржува Фестивалот на комедијата „Гола месечина“, кој е во продукција и организација на НУ Театар Комедија, а под генерално покровителство на Општина Аеродром.
Во текот на шесте фестивалски вечери публиката ќе може да гледа пет претстави од домашни продукции и еден стенд-ап настап. Во петок на 2-ри октомври ќе се изведе кабарето „Како мене Пјаф“ во изведба на Елена Моше, актерка од НУ Народен театар – Битола и групата „Фолтин“. Претставата е во режија на Наташа Поплавска, а во продукција на Народен театар Битола и „Арт медија“
Фестивалот ќе се одржува под посебни протоколи за одржување настани на отворено, на сцена поставена на фудбалското игралиште покрај детската градинка „Сонце“ во Реонски центар – Аеродром. Влезот за публиката и годинава е бесплатен, со тоа што ќе може да се влезе само со приложување билет поради ограничениот број на седишта, а бесплатните билети ќе може да се подигнат од билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ во Аеродром.
Претставите започнуваат во 20 часот, а влезот за посетителите, кои ќе мора да носат заштитна маска, ќе биде отворен од 19 часот.
