Фестивали

Страјк ќе одржи концерт на „Таксират“

По рекордно распродадениот прв соло концерт во 2018-та, Страјк повторно ќе настапи на сцената на фестивалот „Таксират“ во С.Ц. „Борис Трајковски“ на 23-ти октомври. Почеток на концертот е во 20 часот, а вратите се отвораат во 19 часот.

Билетите се достапни во продажба на www.taksirat.mk и во продажната мрежа на mktickets.mk. Согласно протоколот за реализирање на настани во затворен простор, билетите се строго ограничени и исклучиво за седење, а салата е соодветно приспособена за одржување на настан според сите мерки наведени во протоколот. Задолжително е носење на маска, дезинфекција и одржување растојание во текот на целиот настан.

Можеби ќе ве интересира: