World Music

Џенифер Лопез го откачи Каспер

Во медиумите се шират информации дека Каспер праќал разголени фотографии на трансексуален модел и дека ја изневерува Џенифер, но она што никој не го знаел е дека тие најверојатно биле разделени од порано.

“Каспер е сам и може да праќа пораки на кого сака, но идејата дека тој знаел дека таа личност е трансексуалец е смешна. Тоа не го привлекува”, раскажал извор близок до поранешниот пар. Како што пишуваат американските портали, Џенифер и Каспер не се заедно веќе два месеци, а до разделувањето дошло спонтано и споразумно, бидејќи сфатиле дека повеќе не се разбираат. Пејачката и актерката пред неколку дена одржа бесплатен концерт во Бронкс, а на концертот не присуствуваше Каспер.

Подготви: Синиша Новевски

Можеби ќе ве интересира: