Македонската евровизиска делгација која што оваа година ќе не претставува на Евровизија 2014 веќе се наоѓа во Копенхаген, Данска. Освен нашата претставничка Тијана Дапчевиќ, во македонската делегација вклучени се: Тамара Тодевска (нејзината сестра), Димитар Андоновски, Пере – Нокаут, Дарко Димитров… и уште многу членови кои имаат зад себе големо евровизиско искуство.
На овогодинешното 59-то издание на овој најпознат и најгледан евровизиски музички спектакл, Македонија ќе се претстави со песната “To the Sky”, на англиски јазик, а истата е дело на тимот Дарко Димитров, Лазар Цветковски и Елена Ристеска – Ивановска. Тијана на сцената ќе се појави на втората полуфинална вечер, односно, на 8-ми мај како 11-та, а колку за потсетување Евровизија оваа година ќе започне на 6-ти и ќе трае до 10-мај.
Се надеваме дека настапот на нашата македонска претставничка заедно со придружните вокали кои истовремено ќе изведуваат однапред смислена кореографија, ќе ни овозможи да се најдеме оваа година во големото евровизиско финале.
Подготви: Магдалена Атанасовска
