Пејачoт ќе добие благослов да го започне својот монашки пат во пресрет на манастирскиот празник Голема Богородица, кој се празнува на 28 август.
Милан се повлече од музичката сцена и си најде нов живот во верата, а за големиот православен верник претстојниот празник наводно ќе стане искушеник.
Имено, бидејќи последниве години почесто го гледаат на свети места отколку во концертни сали и забавни емисии, се повеќе се шушка дека тој одлучил да се замонаши.
Според српски Курир, Милан кој е чест гостин на манастирот Подмајне кај Будва, решил официјално да се подготви за монашкиот пат со поддршка на својот духовник. Од тогаш тој ќе носи мантија, односно повеќе нема да носи конвенционална облека, а колку ќе трае процесот зависи од одлуката на игуменот на манастирот.
Милан неодамна беше фотографиран во црна облека со монасите од манастирот Милешева, а еден од нив е негов братучед.
