Балканленд

Наместо Тијана, на Евровизија заминува Тамара

Наместо Тијана, на овогодинешното издание на Евровизија ќе замине нејзината сестра Тамара, ова би било реално и вистинито доколку навистина Тијана беше бремена. Ова е само една од многуте “местенки” кои што екипата на емисијата “Невозможна мисија” ја реализираше во текот на изминатите денови во Скопје. Досега пред камерите и “местенките” на екипата од “Невозможна мисија” паднаа, Александра Накова, Влатко Лозановски, Елена Велевска, Фифи, Панки…

Ова реално ТВ шоу не претставува класична скриена камера, туку познатите и јавни личности ги става во реални ситуации при што на гледачите им се дава шанса да ги следат реакциите на своите омилени ликови, во необични и понекогаш опасни ситуации. Од вчера стартуваше новиот циклус на емисии “Невозможна мисија” со макеодонски познати личности, кои истите се прикажуваат на националната ТВ Алфа со почеток во 19.15. Оваа емисија ќе се емистува секоја сабота.

Подготви: Влад Петров

Можеби ќе ве интересира: