World Music

Гвен Стефани роди уште едно машко бебе

Американската пејачка Гвен Стефани и нејзиниот сопруг Гивин Росдејл повторно добија машко дете, пренесоа американските медиуми. Бебето се родило во петокот и ќе се вика Аполо Бови Флин Росдејл. Стефани и нејзиниот сопруг Гивин Росдејл имаат две момчиња – Кингстон (седум години) и Зума (пет години), потсетуваат медиумите. Росдејл од своја претходна врска ја има и 24-годишната ќерка Дејзи Лоу, која се занимава со манекенство.

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: