Музика на кирилица

Димитар Андоновски наскоро со спот за “Ако ме боли” (Фото)

Познатиот македонски поп пејач Димитар Андоновски кој неодамна на “Скопскиот фестивал” се претстави со песната “Ако ме боли”, деновиве снима спот за истата. Режисер на спотот како што дознаваме е Мерт Арслани, а истиот е во продукција на БМА. Инаку Андоновски за оваа песна на фестивалот беше награден со трето место.

Освен снимањето на видео спотот, Димитар не се откажува од ноќните свирки низ нашата држава, па така се почесто може да се види на некоја ноќна свирка во внатрешноста на Македонија.

Димитар Андоновски на снимањето на новиот спот за песната "Ако ме боли"Тој заедно со Тони Зен, Дарко Илиевски, Магдалена Цветкоска, The Sound Messengers и DJ Oki Doky ќе настапат на отворањето на новиот трговски центар “Capitol” кое што е најавено за 12-ти декември.

Подготви: Марија Поповска

Можеби ќе ве интересира: