Балканленд

Не се опорави од коронавирусот ни по 8 месеци: Славица Чуктераш исплашена

Пејачката Славица Чуктераш сè уште не се опоравила целосно од коронавирусот, иако поминаа осум месеци откако беше заразена, а поради ослабениот организам, според препораката на лекарот, не е пожелно да се вакцинира.

Славица се обратила на лекар поради преголемиот замор, кој го чувствувала откако помина низ заразата со коронавирусот, за жал, не доби добра вест. Сето тоа го сподели со своите следбеници на Инстаграм, со цел да им покаже колку е опасен вирусот.

“Сега бев на лекар затоа што постојано чувствував замор откако ја прележав коронавирусот, тие ми ставија холтер што ќе го носам 24 часа. Поради Ковид-19 што го имав во јули, се уште се видливи последиите. Зафатено ми е малку срцето, што значи дека оној кој се чувствува уморен и слаб дури и неколку месеци по короната, треба да оди на лекар и да го провери срцето, за да види што се случува”, рече Славица.

“И, дефинитивно не се опоравив од короната, иако мислев дека се спасив. По препорака на лекарот, моето тело не е подготвено за вакцината, бидејќи ако повторно дојдам во контакт со вирусот, секако дека нема да биде добро, бидејќи моето тело и срце веќе се оштетени… Јас носам маска, не ја соблекувам во автомобилот дури и кога возам сама, затоа што се плашам, веќе не одам никаде… И, вие не играјте оро и правите некои протести и глупости, бидејќи очигледно сите сме – што – болни!”, рече пејачката.

Таа додаде дека и е забранета физичка активност, дека може да прави мали работи низ куќата, но дека не треба да се заморува премногу, како што правеше досега, кога сметаше дека тоа е безопасно.

Можеби ќе ве интересира: