Фестивали

Белорусија нема да учествува на Евровизија 2021

Белорусија нема да учествува на Евровизија во 2021 година, што треба да се одржи во мај во Ротердам. ЕБУ претходно ја одби првично избраната песна „Ya nauchu tebya“ на групата „Galasy ZMesta“, поради тоа што ги навредува протестите против претседателот Александар Лукашенко.

„На 10 март се обративме радиодифузерот БТРЦ, кој е одговорен за учеството на Белорусија на Евровизија за да побараме да ги преземат сите неопходни чекори за да ја променат песната за овогодинешното издание во согласност со правилата на натпреварот. БТРЦ достави нова песна за избраниот претставник во договорената временска рамка. ЕБУ и Референтната група внимателно ја разгледаа предложената песна за да ја проценат подобноста за натпреварување. Заклучено е дека новиот поднесок исто така ги прекршува правилата на Евровизија. Бидејќи БТРЦ не успеа да поднесе квалификувана песна во продолжениот рок, за жал, Белорусија нема да учествува на Евровизија“, објави Европската радиодифузна унија.

Можеби ќе ве интересира: