Балканленд

Никола Роквиќ сними песна по текст на легендарниот Мика Антиќ (Видео)

Познатиот пејач Никола Роквиќ ја претстави новата песна „Бесмртна песма“, испеана според стиховите од истоимената поезија на големиот поет Мирослав Мика Антиќ. Тој со изведбата на оваа песна ја воодушеви публиката, а на својот Инстаграм профил истакна дека тоа е најсериозната песна во неговата кариера.

Песната е работена по текстот на големиот Мирослав Мика Антиќ. На оваа песна имав чест да соработувам со музичката легенда Дудо Безух и други истакнати музичари. песната е Навистина безвременски и верувам дека многумина ќе се пронајдат во неа. – изјави Роквиќ.

Никола важи за еден од најдобрите машки вокали на домашната сцена, а неговиот глас е надалеку препознатлив. Во продолжение можете да ја слушнете одличната музичка нумера „Бесмртна песма“ во изведба на Никола Роквиќ.

Можеби ќе ве интересира: