Музика на кирилица

Фани Христова се враќа на пеењето (Видео)

Таа долго време правеше пауза од нејзината пејачка кариера, но не ја запостави онаа другата, диџејската. Фани Христова годинава ја започна работно, а така и продолжи во текот на месеците кои изминаа.Со настап во Сент Морис во Швајцарија, стартуваше нејзината нова работна сезона, а потоа следуваа и низа настапи низ Македонија. Во текот на летото имаше и свој настап на грчкиот остров Иос, а со започнувањето на есента се активираше и во кариерата која ја сака исто како и диџејството, пеењето.

Fani HristovaТаа заедно со ди-џеј Навигатор ја сними темата “Finally Over You” која е отпеана на англиски јазик, а како звучи можете да слушнете во продолжение:

Подготви: Магдалена Атанасовска

Можеби ќе ве интересира: