Водителот на телевизијата 24 Вести Огнен Јанески како што веќе знаете е дел од ова издание на “Макфест” и заедно на сцената со познатиот македонски пејач Горан Милошески ја исполнуваат песната “Сенка” која што веќе е влезена во финалето и вечерва ќе настапат под реден број 10. Да тоа е така, Огнен кој уште е препознатлив по емисиите “24 за животот” и “Очи в очи” на оваа песна и дава специфичен ефект со неговиот радиофоничен глас рецитирајќи дел од текстот.
Но денеска, на генералната проба која што се оддржа во Домот на културата во Штип засега од непознати причини сеуште не беше пристигнат Горан кој што ја пее песната, па така познатиот водител освен што го рецитираше неговиот дел, продолжи да го пее останатиот текст од истата. Интересно нели 🙂
Дали на повидок е нова музичка ѕвезда на македонската музичка поп сцена? Дали Огнен ќе се откаже од водителските води и ќе премине во музичките? Тоа наскоро Музика24 ексклузивно ќе Ви го открие.
Од Штип за Музика24: Марија Поповска
