За час-час и половина започнува финалната вечер на овогодинешното издание на фестивалот за забавна музика “Макфест”. Во претходните исцрпни извештаи кои Ви ги презентираме од тука, од макфестовскиот прес центар веќе ги знаете деталите што и како же се случува вечерва на последната вечер од овој голем музички македонски фестивал.
Освен макфестовската програма и забава по одржувањето на финалето и прогласувањето на победниците, во Штип како што веќе напоменавме се случува уште еден настан “Штипска пастрмајлија 2013”. Ако вчера на оваа манифестација настапи Ален Исламовиќ и “Кад би био Бјело Дугме”, за вечерва е најавена балканската фолк ѕвезда Харис Џиновиќ кој со својот настап ќе започне во 23 часот и наредните неколку часа во Штип ќе се случува вистинска забава.
Екипата на музичкиот портал Музика24 во текот на оваа вечер ќе подготви интервјуа со повеќето изведувачи на овогодинешното макфестовско издание и истите ќе имате можност да ги прочитате во текот на следните неколку дена. А по прогласувањето на победниците екипата на Музика24 ќе Ве извести за секој детал прогласувањето.
Бидете со нас!
Од Штип за Музика24: Иван Јосимовски
