“Немирен” е насловот на новата песна на младиот, енергичен, секогаш насмеан и расположен Христијан Настески или на македонската музичка сцена попознат како Пајак. Кога сите помислија дека после концертот кој што летото го имаше во родниот Охрид ќе направи пауза до следната година напролет поради се она што за жал не опкружува, Пајак сите не изненади со нова, интересна и уште подинамична песна.
Музиката и текстот и за оваа песна се токму негови, како и на многуте негови хитови досега. Аранжманот е на Стефан Николовски, додека миксот и мастерингот ги направи веќе на далеку познатиот Иван Јованов – Ивајо. Видео спотот е во реализација на ДигиталБокс.
За стајлингот и овој пат се погрижија “Sportikum” – Sportswear Store од Куманово, кои стилски секогаш одлично се надополнуваат со ексклузивците на Урбан.
Во продолжение со задоволство ви предлагаме да го погледнете најновиот видео спот за најновата песна на Пајак.
