Балканленд

Откриени имињата кои ќе настапат на “Макфест” (Фото)

Пред неколку дена во хотелот Александар Палас се одржа прес конференција за овогодинешниот “Макфест” на која главната улога ја имаа Драган Мијалковски (уметнички директор)  и  прим. м-р. Илчо Захариев кои ги соопштија новините за оваа година. Редоследот на пејачите кои ќе настапат со своите песни на полуфиналната вечер на 11- ти октомври е следниов:

1.”Ти немаш срам” – Ивана Миланова

2.”Река” – Дејан Тасев

3.”Оди и не враќај се” – Емили Ред Гарден

4.”Засекогаш ти” – Сања Лефкова

5.”Не ме познаваш” – Марија Бунда

6.”Застани” – Боби Мојсовски

7.”Сенка” – Горан Милошевски

8.”Малечка” – Денис Димоски

9.”Преправи се во мене” – Филип Филиповски

10.”Во твоите раце” – Љупка Најдиновска

11.”Празни булевари” – Маја Вуќичевиќ

12.”Љубовта лузни остава” – Коки Петрушев

13.”Јас и ти” – Ива Ѓоргиевска

14.”За крај” – Игор Митровиќ

15.”Можеш ти без мене” – Ангела Здравковска

16.”Почеток и крај” – Но Енд

17.”Полека ме убива” – Горан Наумовски

18.”Ако жициве лажат” – Игор Шаревски

19.”Како да те украдам” – Мартинијан Кириловски

20.”Здивот нежно кармин брише” – Александар Богдановски

21.”Ти топиш секој мраз” – Наталија Мејанџиева

22.”Ти простив уште тогаш” – Ѓорги Димитров

23.”Земи ме” – Кристина Арнаудова

24.”Врати ми го сонцето” – Александра Јанева

25.”Боли” – Панче Илиев

Како автори се среќаваат многу познати имиња кои веќе години на назад се докажале. Тоа се: Јован Јованов, Иван Јованов, Елвир Меќиќ, Ристо Самарџиев, Кристијан Габроски, Илија Ќосевски и други. Освен редоследот на песните, на прес- конференцијата на макета беше прикажана сценографијата за овогодинешното издание.

Боби Мојсоски Игор Шаревски Првата прес конференција на "Макфест" - Кристина Арнаудова Првата прес конференција на "Макфест" - Градоначалникот на Штип Илчо Захариев и Драган Ристов Првата прес конференција на "Макфест" Првата прес конференција на "Макфест" - Овогодинешната сценографија и бина Првата прес конференција на "Макфест" - Илија Ќосевски Јован Јованов На исполнувачите им посакуваме успех, добар настап и пласман во финале. Надвор од рамките на натпреварувачкиот дел како на пејачите така и на авторите и новинарите  кои медиумски ќе го проследат и покријат овој настан им посакуваме пријатна забава на “Макфест” во рамки на Пастрамалијадата, која оваа година за прв пат се одржува истовремено со фестивалот за забавни мелодии “Макфест” во Штип.

Подготви: Сања Неткова

Можеби ќе ве интересира: