Екслузивецот на План Б продукција неодамна на својот фејсбук профил ја постираше неговата најнова песна “И тебе некој ќе те остави”. Емил оваа песна ја промовираше на летниот фестивал “Охрид фест” кој што се одржа во Охрид кон крајот на месецот август, каде што тој го освои третото место.
Текстот на песната го напиша Николина Јованов, додека пак музиката е на Јован Јованов, а аранжманот е на Дамјан Лазаров. Додека го очекуваме официјалното видео за веќе споменатата песна, преслушајте ја во продолжение и уживајте.
Подготви: Маринела Каранфилоска
