Музика на кирилица

„No Name Nation“: Три децении музика и енергија

Бендот „No Name Nation“, кој своите музички почетоци ги бележи во далечната 1994-та година под името „Инфекција“, годинава го прославува својот 30-годишен јубилеј. Промената на името во 1995 година означи нова ера за бендот, кој оттогаш постојано е дел од македонската музичка сцена.

Со голема енергија и посветеност, „No Name Nation“ успеа да изгради богат музички репертоар и да привлече верна публика. За да го одбележат овој значаен јубилеј, бендот ќе одржи голем концерт во своето децениско пребивалиште – Младинскиот културен центар, на 15-ти март. На концертот ќе биде промовиран нивниот трет студиски албум, кој со нетрпение го очекуваат нивните фанови.

Оваа прослава ќе биде можност за сите љубители на нивната музика да се потсетат на почетоците, но и да уживаат во новите музички правци на бендот.

Можеби ќе ве интересира: