Специјализираниот македонски музички портал Музика24 ексклузивно дознава дека овогодинешното 21-во издание на летниот музички фестивал “Охрид фест” и оваа година, исто како и минатата, ќе се одржува на кејот на Охридското езеро кај “Објектив” од 20-ти до 23-ти август. Дознаваме дека оваа година фестивалот ќе биде пренесуван од голема национална руска тв станица со што искрено веруваме дека туристите од оваа пријателска земја, исто како и во минатите години, повторно ќе му се вратат на нашиот македонски охридски бисер.
Пренесувањето на “Охрид фест” во Русија, освен што има големо значење за Охрид и самиот туризам, има големо значење и за Република Македонија. Освен тоа, новитет оваа година е и тоа што покрај Елена Илијади која ќе настапи во интернационалната вечер, на сцената на “Охрид фест” ќе настапи и нејзината ќерка која ќе се појави на првата вечер Чунга Лунга, односно на вечерта посветена на детска музика.
И оваа година исто како и минатата, Специјализираниот македонски музички портал Музика24 е медиумски покровител на летниот музички фестивал “Охрид фест”.
Подготви: Магдалена Атанасовска
