Балканленд

По цели девет години излегува новиот албум на Здравко Чолиќ „Маштам и праштам“ (Фото)1

Здравко Чолиќ, еден од најпопуларните регионални музичари, го претставува својот нов студиски албум „Маштам и праштам“. Станува збор за неговиот шеснаесетти студиски албум, кој носи вкупно 12 песни, меѓу кои се и веќе познатите хитови „Sto dukata“, „Biraj ti“, „Zašto ona“, „Tamo“, „Proljeće za ljubavnike“ и „Ne daj da ostarim sam“.

Албумот „Маштам и праштам“ е во ексклузивна претпродажба на Croatia Records Webshop, во формат на компакт диск и на грамофонска плоча, додека од 30 септември ќе биде достапен на сите дигитални платформи, како и во редовна продажба.

На албумот се собраа бројни истакнати автори и изведувачи од регионалната музичка сцена, меѓу кои се Вјекослава и Тончи Хуљиќ, Дино Мерлин, Маја Сар, Саша Матиќ и Милош Смиљаниќ Жуќа. Продуценти на албумот се Никша Братош, Махир Сарихоџиќ, Baby Dooks, Марко Луис и Тончи Хуљиќ.

За новиот албум Здравко Чолиќ вели:

„Веќе долго соработувам со Croatia Records, ние сме стари пријатели. Заедно работевме на последните два, три албуми и имавме одлична соработка. Некои песни од овој албум веќе ги објавивме, некои допрва ќе ги објавиме, така што сето тоа заедно го сочинува еден албум од 12 песни“.

Осврнувајќи се и на успехот на песните што веќе ѝ беа претставени на публиката, Чолиќ истакнува дека најважно е песните да имаат содржина и трајна вредност:

„Не мора сите песни од албумот да бидат хитови, но нека имаат содржина, нека останат за некое идно време и тоа ќе биде доволно“.

Новиот албум на Здравко Чолиќ доаѓа по дискографска пауза од цели девет години, бидејќи претходникот на „Маштам и праштам“, албумот „Ono malo sreće“ беше објавен во 2017 година. Албумот „Маштам и праштам“ е заедничко издание на дискографските куќи Croatia Records и Ulaz d.o.o. Ликовното обликување го потпишува докажаниот Драган С. Стефановиќ, а „lacquer cut“ на албумот во лондонското Abbey Road Studios го изработи Sean Magee.

Изданието е веќе достапно за нарачка на Croatia Records Webshop.

Можеби ќе ве интересира: