Балканленд

Познати финалистите за 23-ти март во Комбанк Арена

Можеби за некој чудно, но така одлучи публиката по пат на смс гласовите кои беа доволни за да се одлучи кој ке отпадне, а кој ќе помине. Даниел Кајмакоски, Доктори, Тамара Милановиќ, Маид Хечимовиќ се натпреварувачите кои ќе имаат тешка задача да го дадат последниот “здив на сцената”.

Но со оглед дека Илма и Маид ја воодушевија публиката во “спас” делот, на жирито им беше да го дадат последниот збор.

“Илма ти и после “X Factor” ќе имаш голема музичка кариера и реално најдобро пееш од сите”, изјави Жељко Јоксимовиќ кој не ја криеше возбудата да го искаже тоа што го мисли. Во контекст на коментарот се согласи и жирито така што Илма нажалост го напушти “X Factor”, но пред неа следува она што значи докажување пред публиката што е повеќе од јасно.

“Се борев колку можев и благодарна сум што стигнав до ова ниво”, изјави Илма Карахмет. Така да спремајте се за поддршка на нашиот изведувач Даниел Кајмакоски кој сигурно ќе се подготви со нешто ново кој ќе не остави без зборови.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: