Во прв ред

Уште еднаш докажа дека е незаменлив: Даниел Кајмакоски во финале на “X Factor Adria”

Како што почна така и продолжи со една мисија да ја освои публиката како што знае и умее што досега на неколку пати се покажа како успешно. Што композиција ќе одбере за 23-ти март во Комбанк Арена сеуште незнаеме, а она што сме сигурни сега е тоа дека има доволно период да размисли сериозно, бидејќи одлуката ќе е токму негова.

Вечерва беше повеќе од сигурен за да ја увери публиката дека е “спремен играч”, но и професионален комплетен музичар во секоја смисла на зборот со што фановите од цел Балкан му ја доверија довербата како благодарност што знае како да се однесува на сцена, но и рационално да ги одбере песните.

“И благодарам на публиката што до крај е со мене и благодарен сум на моите македонци и на мојот роден град Струга што ме подржуваат, а јас ќе се погрижам да им покажам колку сум благодарен за сите овие тешки изданија кој требаше да ги поминам”, изјави Даниел Кајмакоски кој беше возбуден од самата атмосфера од фактот дека остана доследен на своите изведби.

Подготви: Редакција Музика24

Можеби ќе ве интересира: