Под трите брези, веднаш зад Собранието, се крие едно посебно место кое веќе четири години е симбол на културата, дружбата и уметноста во Скопје — „Буква“. Ова топло катче, со своите полици, ѕидови и ќошиња, е повеќе од простор. Тоа е заеднички дом за сите кои веруваат во моќта на културата и уметноста да нѐ спојат и инспирираат.
Со сите свои настани — изложби, свирки, проекции и промоции, „Буква“ израсна во простор каде што се негуваат старите пријателства, се создаваат нови, и секоја приказна наоѓа уво што ќе ја слушне.
Овој јануари „Буква“ го слави својот четврти роденден, благодарна на сите свои пријатели, посетители и поддржувачи. Ова е вашето место каде што можете да најдете мир, инспирација или пак едноставно да се дружите со омилените луѓе.
Ве покануваме да го одбележиме овој значаен момент заедно!
Програма:
Петок, 31 јануари
- Џем сесија со колективот Гола планина
- Музичка селекција посветена на роденденот
Сабота, 1 февруари
- Концерт на Хот џез оркестар
Трио кое носи звуци од минатото со медитерански шмек и нè враќа во златната ера на џезот (20-тите – 40-тите години).
Изведувачи:
- Иво Солдатовиќ Сол – кларинет
- Андреј Момировски Буцо – гитара
- Бојан Петков Шамба – гитара
