Балканленд

Макфест 2013: Вечерва финишира 28-то издание на “Макфест” (Фото)

По вчерашната единствена полуфинална вечер, “Макфест” вечерва финишира со финалето каде на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи, шестина одбрани од стручното жири, а останатите од гласовите на публиката која присуствуваше вчера вечер присуствуваше и имаше можност да гласа. Во продолжение погледнете ја листата со поени од вчерашната полуфинална вечер која Музика24 ексклузивно Ви ја претставува.

Резултати од гласањето на полуфиналната вечер на Макфест 2013На денешната втора по ред прес-конференција, Г-нот Драган Ристов кој е дел од овогодинешната организација на фестивалот, истакна дека оваа година полуфиналната вечер а и самото гласање поминало во најдобар ред и дека од сите гласачки ливчиња, само 6 не биле важечки. А уметничкиот директор, познатиот Драган Мијалковски, додаде дека е задоволен од вчерашната вечер и дека иако 6 композиции не се веќе дел од фестивалот, сепак, тие се дел од овогодинешното издание на “Макфест” и дека нема потреба од било какви реакции бидејќи секој си има своја публика и место под сонцето.

Вечерва во Домот на културата “Ацо Шопов” во Штип, гледачите, а и присутните во салата, на макфестовската сцена ќе имаат можност да ги погледнат следните изведувачи кои на сцената ќе излегуваат по следниот редослед:

1. Коки Петрушев – “Љубовта лузни остава”

2. Игор Митровиќ – “За крај”

3. Сања Лефкова – “Засекогаш ти”

4. Дејан Тасев – “Река”

5. Маја Вукичевиќ – “Празни булевари”

6. Боби Мојсовски – “Застани”

7. Ива – “Не, не, не… да, да, да”

8. Љупка Најдановска – “Во твоите раце”

9. Ѓорги Димитров – “Ти простив уште тогаш”

10. Горан Милошевски и Огнен Јаневски – “Сенка”

11. Ангела Русо – “Можеш ти без мене”

12. Ивана Миланова – “Ти немаш срам”

13. Кристина Арнаудова – “Земи ме”

14. No End – “Почеток и крај”

15. Мартинијан Кириловски – “Како да те украдам”

16. Панче Илиев – “Боли”

17. Марија Бунда – “Не ме познаваш” и

18. Александра Јанева – “Врати ми го сонцето”

И оваа вечер, како и секогаш досега, во ревијалниот дел ќе настапуваат изведувачи кои ќе ја забавуваат присутната публика, а и гледачите пред малите екрани. Вечерва на сцената во ревијалниот дел ќе се појави италијанско-бугарската група “Шаша”. Оваа група, како што велат организаторите, претставува еден од најдобрите состави во Република Бугарија која што со огромна енергија и полна пареа секојдневно ги полни салите и клубовите секаде каде и да настапат. Оваа мешана музичка група е составена од вокалот Гергана Добрева, гитаристот Светослав Колев-Цври и бас гитаристот Доменико Форнари.

Макфест 2013Музика24 останува тука во Штип каде Ви подготвува низа интервјуа кои ќе имате можност да ги читате во текот на следните неколку дена. А секако, не заборавајте и вечерва да го следите 28-то макфестовско издание кое ќе во живо ќе се пренесува на првиот канал на Македонската телевизија.

Од Штип за Музика24: Иван Јосимовски

Можеби ќе ве интересира: