Tијана Дапчевиќ e наш претставник на Евровизија оваа година. Таа на Евровизија ќе настапи со песната која носи наслов “To the sky”, која откако и била пуштена на сестра и Тамара веднаш била оценета како лоша. Тоа што теши е дека на Тамара никогаш не и се допаѓале песните на Тијана кои подоцна станувале хитови. А Тамара како Тамара, упорна и тврдоглава никогаш не го менувала мислењето, дури и кога песната се докажала како хит.
Песната “To the sky” премиерно ќе биде изведена на Јавниот сервис на 22-ри февруари, откако убаво ќе се доработи и изгланца. Песната има брз ритам, а Тијана се надева дека ќе ја донесе на најдобар можен начин до публиката и слушателите ширум Европа. Имињата на композиторот и продуцентот на песната се уште не се откриваат, но она што се знае е дека Тамара ќе ги пее придружните вокали и покрај тоа што песната не и се допаѓа. Добрата информација е што нашите соседи се откажаа од Евровизија што значи големи се шансите 12 поени да и дадат на Тијана.
Подготви: Редакција Музика24
