Српската пејачка Тања Савиќ од април води битка за своите деца со сопругот Душан Јованчевиќ. Блиц пишува дека наскоро таа ќе се сретне со него, а судењето е закажана за 19-ти февруари. Пејачката веќе започнала да се подготвува за патот и се надева дека наскоро ќе го заврши ова поглавје.
“Тања за сите детали разговараше со својот адвокат, за судењето е подготвена. Собра пари за патот во Австралија, сепак и финансискиот дел не е лесен. Нема настапи, короната трае. Желбата да ги врати синовите е поголема од секој проблем”, открива анонимниот извор за порталот.
“Голема борба ме чека, моите деца да не бидат утре како него, да не ги малтретираат своите жени и да не им го загорчуваат животот на луѓето околу себе”, изјавила пејачката во интервју за српските медиуми.
