Новата евровизиска песна со која Есма и Лозано ќе ја претставуваат Македонија, наместо повлечената “Империја” веќе е снимена и во моментов се доработува.
“Тандемот Цветкоски –Димитров како автори на музиката и аранжманот и Магдалена Цветкоска како текстописец, ја подготвуваат новата евровизиска песна, која сеуште нема име и која јас и Есма ќе ја изведеме на овој фестивал. Ако “Империја” од самиот старт беше прифатена со сомнеж, новата композиција е по мој вкус. Сметам дека брзо ќе биде прифатена од нашите слушатели , музичката критика и секако од големиот евровизиски аудиториум. Новата песна ќе биде готова деновиве , најдоцна до 18-ти март, до кога е последниот датум за нејзина финализација”, изјави Влатко Лозаноски.
Песната во брз и модерен ритам која што се уште нема наслов, ќе биде пуштена во среда вечер. Овојпат промоцијата на песната ќе помине без специјална емисија и голема врева, туку најверојатно ќе биде претставена пред македонската публика во една од редовните емисии на МТВ или централниот дневник.
Подготви: Дениза Илиевска
