Додека финалистите од регионалното “X Factor” шоу, секојдневно и напорно вежбаат за големото финале кое ќе се одржи во недела на 23-ти март во “Комбанк арената” во Белград, во јавноста проструи информација дека се појавиле лажни фалсификувани влезници. Интересот за овој голем музички настан е навистина голем, а од продукцијата која што го организира финалето велат и предупредуваат да се купуваат влезници само од овластените продажни места кои се наведени. Инаку, петте финалисти на сцената ќе отпеат по три музички нумери за кои потоа публиката ќе може да гласа.
Подготви: Синиша Новевски
