Откако во 2010-та во неколку наврати бил уапсен поради возење под дејство на наркотици, светски познатиот британски пејач Џорџ Мајкл решил конечно да го промени начинот на живот. Тој неодамна во едно интервју се пофалил дека 18 месеци не допрел марихуана.
“Сосема престанав. Одлучив да го променам својот живот и не сум допрел “трева” веќе 18 месеци”, изјавил пејачот. Тој поради брзо возење под дејство на наркотици поминал четири недели во затвор.
“Знаев дека заслужив да бидам таму. Си повторував цело време дека треба да ја држам главата долу и да издржам. Ми беше грозно во затворот. Сепак, ме воодушеви поддршката на моите фанови така што на крајот целата таа епизода излезе нешто полесна отколку што мислев дека ќе биде”, на крајот заклучил пејачот Мајкл.
Подготви: Маргарита Робевска
