Балканленд

Жак Хоудек ќе ја претставува Хрватска на Евровизија

Популарниот хрватски музичар Жак Хоудек ќе ја претставува Хрватска на овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи од 9-ти до 13-ти мај во Киев, Украина. Раководството на хрватската радио телевизија го избрало Хоудек на интерен конкурс, а песната со која ќе се претстави на 11-ти мај ќе биде подоцна објавена.

“Од денеска целиот свој уметнички капацитет ќе го насочам кон овој вреден и обемен проект. Проект кој за мене во досегашната кариера претставува најголем предизвик, но и одговорност кон мојата публика и јавноста. Искрено се надевам на подршка која верувам ќе придонесе за голем успех за нашата Хрватска”, изјави Жак за медиумите.

Подготви: Филип Етмишовски

Можеби ќе ве интересира: