Во емисијата “Трите бои на звукот” која се емитува на срската национална телевизија РТС, гостуваат бројни имиња од регионот изведувајќи ги во живо своите хитови, а една од гостинките во последната емисија беше нашето македонско девојче Каролина Гочева. Познатата пејачка во придружба на својот бенд отпеа три песни од актуелниот албум “Македонско девојче 2” и тоа препознатливите: “Кој да ми запее”, “Смеј ми се, смеј” и “Ќе пијам љубов до крај”. Во продолжение, уживајте во една од изведбите на нашата Каролина.
Подготви: Виолета Трајковска
