Фестивали

Богата музичка програма на Вкуси го Југот – „Taste The South“ во Гевгелија (Фото)

На 13-ти, 14-ти и 15-ти септември на паркингот на новиот пазар Сава Михајлов ќе се оддржи второто издание на фестивалот “Вкуси го југот- Taste The South” во Гевгелија. На сцената на фестивалот оваа година покрај бројните културно уметнички друштва и музичари од локалната сцена и регионот, ќе ги видиме и слушаме: Викторија Лоба, Наум Петровски, Влатко Стефановски Трио, Пајак и Лара Иванова, Дац и Александар, Зијан, ХИТС ТРИО, Паркети, Фиц енд Д Инвизиблс (Студени нозе), а за хуморот со свој стенд ап ќе настапи познатиот гевгелиски комичар – Дејан Мазларков Диверзија.

Освен богатата музичка програма на фестивалот ќе има поставени штандови со вкусна храна и пијалоци од Гевгелија и регионот, како и домашни уметнички изработки. Не се изоставени ниту најмладите за кои повторно ќе има богата детска програма со детскиот фестивал Калинка.

Повелете да го вкусите и доживеете југот на поинаков начин, Гевгелија следниот викенд е местото каде се спојуваат музиката, храната, пијалоците и секако доброто расположение и забава.

Можеби ќе ве интересира: