Фестивали

Денес започнува 10-то издание на познатата манифестација „Самун ем татлија“ во Радовиш

Со Фолклорниот фестивал „Радовишки собор“ денеска ќе биде означен почетокот на традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, која се организира по десетти пат во Радовиш.

Покрај подотовката на традиционалните радовишки спрецијалитети, ќе има богата културно-уметничка и музичка програма со настап на пејачи од земјава и странство.

Програма за „САМУН ем ТАТЛИЈА 2024“

11.10.2024 год. – Петок
15:00 Фолколорен фестивал „Радовишки собор“
20:15 Концерт на Ансамбл „ТАНЕЦ“
21:30 Троја – Џими Хендрикс трибјут
23:00 Игор Димовски – Пауза за ракија
01:30 Dj Димов & Dj Кокс, Dj Fecky Farris

12.10.2024 год. – Сабота
13:30 Распеани Радовишани
14:30 Аднан и пријателите
17:30 К4
19:00 Ескејп Бенд
21:00 Жаре Бербер
23:00 Милица Тодоровиќ

13.10.2024 год. – Недела
13:30 Тоше и Васко
14:30 Оркестар Златни Прсти & Живанка
17:00 Група Фортуна со Благоја Груевски и Александар Ицов
19:00 Миле Кузмановски
21:00 Пеџа Меденица
23:00 Весели момци Брас бенд

„Со оглед на прекрасните временски услови, нашите очекувања се дека ќе имаме голема посетеност на туристи, како од земјата така и од странство. Од тие причини упатуваме апел до сите сограѓани да бидат воздржани од користење на моторни возила со цел сите заедно да придонесеме за успешна организација на манифестацијата и да ја прикажеме општина Радовиш како добар домаќин“, стои во објавата на Општина Радовиш.

Манифестацијата започнува денес 11-ти октомври и ќе трае се до недела 13-ти октомври и истата ќе се одржува на локацијата паркинг „Орел“.

Можеби ќе ве интересира: